Новости

24 октомври 2015 г.

Потпретседателот на друштвото Ѓоко Зороски имаше интервју за ТВ Телма и за дневниот весник Вест, во врска со најавените инвестиции за урбанизирање нови делови од крајбрежјето на езерото, во кое истакна дека Охрид се доближува до максималната граница на изграденост на крајбрежјето утврдена при прогласувањето на неговото културно и природно богатство за светско наследство заштитено од УНЕСКО. Повеќе на http://www.telma.com.mk/vesti/izgradbata-na-ohridskoto-krajbrezhje-go-dostignuva-maksimumot

9 октомври 2015 г.

Раководството на друштвото заедно со волонтери доделија здрава храна на двата центри за деца со посебни потреби: Зраци и центарот при црквата Св. Ѓорѓија во Охрид. На децата им беа поделени круши кои потекнуваат од еколошки незагадената средина од село Завој и се резултат на кампањските активности на друштвото за минимизирање на употреба на хемиски третмани при производство на храна.





14 септември 2015 г.

Potpretsedatelot \oko Zoroski zede u~estvo vo debata Makedonskite i svetskite predizvici vo upravuvawe so otpadot одржана на 14.09.2015 во Охрид, организирана од страна на Асоцијацијата "Ајде Македонија" на која се истакна и потенцира значењето на учеството на пошироката јавност и сите чинители во оваа дебата и заклучоците кои ќе произлезат. Со оваа јавна дебата се најавија низа настани кои следат со цел да се мобилизираат граѓаните, граѓанските организации, локалните самоуправи и компаниите во создавањето на првиот е-регистар на нелегален отпад во Македонија и постигнување на масовност на 3-ти октомври (националната акција). Воедно, во дискусијата е планирано да се детектираат локалните проблеми во управувањето со отпадот и се нудат решенија. Повеќе на http://ajdemakedonija.mk/mk/news/debata-makedonskite-i-svetski-predizvici-vo-upravuvanjeto-so-otpadot-14092015-follow-up


21 јуни 2015 г.

Еколошкото друштво "Грашница" беше дел од програмата на петнаесетто по ред, прославување на 21 јуни како Ден на Охридското Езеро. Голем број граѓани, љубители на езерото, ни се приклучија во акцијата за чистење на крајбрежјето (еко-патрола) и да дадоа свој придонес во одбележувањето на овој ден. Еколошкото друштво како дел од програмата го покри крајбрежјето во потегот хотел Магнус- одморалиште Партизан во населбата Далјан.




2 јуни 2015 г.

Организација на завршна конференција од проектот „Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро“. Во Охридскиот регион се уште се користат застарени техники за наводнување на земјоделските површини кои не се многу ефикасни и со кои водата се троши нерационално. Со цел да се надмине оваа состојба, земјоделците треба да започнат да ги применуваат новите и современи техники за наводнување, како што е системoт „капка по капка“. Ова беше истакнато во рамки на конференцијата „Можности за заштита на животнатата средина преку оптимално наводнување и ѓубрење“, со која Еколошкото друштво „Грашница“ го финализираше проектот „Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро“. Повеќе на http://www.ohridnews.com/vesti/84486


2 јуни 2015 г.

Еколошкото друштво „Грашница" од Охрид во рамките на проектот „Поврзување на луѓето со природата - зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија" вчера во селото Завој организираше јавна расправа и практична презентација за зачувување на автохтоните сорти овошја на подрачјето на Илинска-Плакенска Планина. Повеќе на http://www.ohridnews.com/vesti/82894 и www.ohridnews.com/vesti/82665


10 април

Во рамикте на проектот реализиравме 2 тренинга за земјоделци и НВО-сектор на тема Климатските промени во Македонија стануваат се поизразени, а најзасегнат е земјоделскиот сектор што може да предизвика далекусежни последици, предупредуваат експертите. Според нив повеќе не е прашање дали се случуваат климатски промени, туку како да се справиме со нив. Токму затоа Е.Д. "Грашница" во рамките на тековниот проект се осврна токму на климатските промени, заштедата на вода во земјоделието и влијанието врз биодиверзитетот во водните текови во охридскиот регион. Повеќе на: http://telma.com.mk/vesti/klimatski-promeni-vo-ohridskiot-region


22 март 2015 г.

Интервју - реакција за најавената урбанизација на Студенчишкото Блато. Повеќе на http://www.ohridnews.com/vesti/81920


21 март 2015 г.

Како локален координатор за југозападна Македонија, оганизиравме патувачка изожба „Дивите билки од мојот крај“. Изложбата е во рамките на проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“. Овој проект е развиен од страна на Македонското еколошко друштво во соработка со Plantlife од Велика Британија, и се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија. Повеќе на: http://www.ohridnews.com/vesti/81886


19 март 2015 г

Членовите на Е.Д. "Грашница" гости на телевизија ТВМ, во емисијата "Нов Ден" каде се проговори за актуелните еколошки проблеми и тековните активности во рамките на проектите кои ги реализира друштвото. Повеќе на https://www.youtube.com/watch?v=tL8svt3JWjY


2 март 2015 г.

ЕД Грашница учествуваше на на втората работилница по проектот "Поврзување на луѓето со природата - зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија" во организација на Македонското еколошко друштво учество зеде и Е. Д. "Грашница" како еден од локалните партнери и соработници кои работеа на вклучување на македонските граѓани во настани и активности како волонтери за заштита на природата кои придонесуваат кон имплементација на ЕУ регулативите за зачувување на подрачјата кои се потенцијални да се вклучат во Натура 2000 мрежата.




19 февруари 2015 г.

Еколошкото друштво "Грашница" учествуваше на информативната презентација за состојбата со водите на Јабланица и потенцијалите за алтернативно водоснабдување на покана на Македонското еколошко друштво (МЕД). Презентацијата се одржа во Струга.




6 февруари 2015 г.

Еколошкото друштво "Грашница" активно учествуваше на јавната расправа што се одржа денеска во општина Охрид, на која беше презентирана стратегиската оцена за влијание на животната средина на измените на Генералниот урбанистички план на Охрид 2014 – 2024. За време на расправата и потоа ЕД Грашница излезе со официјален став и во медиумите: Блатата се најголеми резервоари кои го апсорбираат јаглеродниот диоксид од атмосферата и со тоа го намалуваат ефектот на климатските промени. Загубата на Студенчишкото блато ќе го чини Охридското Езеро. Блатниот систем треба да остане и да биде ставен во функција на развој на туризмот, што сигурно ќе има поголеми бенефиции за туризмот во Охрид отколку пренамена на тоа земјиште во градежно. Повеќе на http://www.ohridnews.com/vesti/80165


14 јануари 2015 г.

Еколошкото друштво "Грашница" учествуваше на јавна расправа по извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за УПВНМ Индустриска зона „Мауцкер. На расправата побаравме да се изврши сондажно истражување на локацијата каде постојат индиции дека се наоѓа античка населба. Доколку се пронајдат артефакти да се постапи според законските прописи за да не се уништи ареолошкото богатство. Повеќе на http://tvm.mk/vesti/ohrid/19829-ekologistite-od-grashnica-baraat-da-se-izraboti-arheoloshko-sondazhno-istrazhuvanje-na-maucker


Во јануари 2015 г. продолживме со реализација на проектот Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро, финансиран од CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund) кој ќе трае до јуни 2015 г. Завршија 8-те јавни дискусии во 8 села од сливот на Сатеска и Коселска Река. Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани на крајот од проектот. Продолжуваме со активностите, во тек е подготовка на едукативна брошура со практики од ЕУ и организација на 2 тренинга за земјоделци и НВО активисти и организирање студиска посета.


27 ноември, 2013 г.

Поголем број членови на ЕД Грашница активно се вклучија во акцијата за пошумување. Посадивме над 100 дрвца кои очекуваме дека ќе пополнат дел од голините над с. Горно Лакочереј. Посебно беа активни нашите помлади членови кои се главната движечка сила во јакнење на јавната свест. Решавањето на еколошките проблеми започнува буквално од корен, за што постојано добиваме поддршка од најмладите.